Маск јавно призна: Речиси сите теории на заговор за Твитер се вистинити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Газда Илон Маск јавно изјави дека речиси сите теории на заговор за социјалната платформа Твитер се вистинити.

„Искрено, се покажа дека речиси сите теории на заговор околу Твитер се точни“, кажа Маск гостувајќи во поткастот Ол ин.

„Постои ли некоја теорија на заговор за Твитер која не е вистинита? Засега се покажа дека сите се вистинити. Ако не и повистинити отколку што луѓето мислеле“, кажа тој.

Маск се осврна и на „Твитер фајловите“, кажувајќи дека деловите поврзани со Федералното истражно биро (ФБИ) биле „интензивни“.

Новинарите Мет Таиби и Бери Вајс секој месец ги објавуваат „Твитер фајловите“ составени од интерни документи и преписки на вработени на социјалната мрежа, кои ги открија обидите на технолошкиот гигант да цензурира твитови на конзервативни коментатори и да го „закопа“ написот на Њујорк тајмс за лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, пред претседателските избори во 2020 година.

Досиејата објавени претходно месецов покажаа дека ФБИ работел на дискредитирање на извештаите за лаптопот на Бајден и спречил ширење на текстот на платформата во октомври 2020, само неколку недели пред изборите.

Други фајлови покажале дека ФБИ вршел притисок врз Твитер да најде докази за странско влијание во изворите за дезинформации и да преземе мерки против одредени профили.

Во досиејата објавени минатата недела детално е опишано како Твитер тивко му помагал на Пентагон во тајната интернет кампања чија цел била да се влијае на ставовите на јавноста за Блискиот Исток, Иран и Саудиска Арабија.