Home Актуелно Македонија се заборчи 530 милиони евра во ММФ

Македонија се заборчи 530 милиони евра во ММФ

Македонија се задолжи со 530 милиони евра за буџетски потреби кај ММФ преку кредитната линија за претпазливост која трае 24 месеци. На располагање за годинава Македонија ќе има 110 милиони евра, соопшти министерството за финансии.

Парите ќе се искористат за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

Според министерството пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори. Во соопштението не е наведена каматата по која ќе се враќаат овие пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…