Home Актуелно Најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили од руско гранатирање во Украина

Најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили од руско гранатирање во Украина

Од кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски соопштија дека најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили е црниот биланс од руско гранатирање.

Во напад врз градот Первомајскји во североисточната украинска област Харков, загинаа осум лица, меѓу кои и 15-годишно момче, информираа украинските власти.

Гувернерот на областа Харков, Олег Синегубов изјави дека „бесмисленото гранатирање наликува на обид за заплашување на цивилното население“.

Во областа Доњецк, руските сили ги гранатираа градовите Краматорск, Славјанск и Торецк. За 24 часа загинаа три лица, а 13 се повредени. Станува збор за едно подрачје од четирите, каде властите воспоставени од Москва спроведуваат референдуми за пристапување кон Русија.

Руските сили вршеа напади и на градовите Никопол и Марганец, што се наоѓаат директно спроти нуклеарната централа Запорожје, под руска контрола, од другата страна на реката Дњепар, тврдат украинските власти.

Во Кривји Рих, родното место на Зеленски, руска крстосувачка ракета го погоди локалниот аеродром, оштетувајќи ја неговата писта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…