Home Актуелно Пратеникот Талевски ја донираше пратеничката плата за опожарените куќи во Прилеп

Пратеникот Талевски ја донираше пратеничката плата за опожарените куќи во Прилеп

Удар од гром неодамна остави четири фамилии од Прилеп без дом, откако до темел изгореа четири куќи.

Глетката во куќите и денеска, два месеци подоцна е вознемирувачка. Се расчистуваат остатоците кои ги остави зад себе пожарот.

На семејствата им е потребна помош и голем број на прилепчани се одзваа на хуманитарниот апел.

Денес и пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски ја покажа својата хуманост. Тој ги посети семејствата и донираше ваучер за градежни материјали во висина од една пратеничка плата.

Талевски притоа ги повика и останатите функционери да го следат неговиот пример и да помогнат на овие прилепски семејства за што побрзо да го надминат тешкиот период и да се вратат во своите домови:

„Ајде сите заедно да им помогнеме на овие наши сограѓани. Ајде со личен пример да поттикнеме уште поголема хуманост кај нашите прилепчани и кај стопанските субјекти од градот, кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко“, истакна меѓу другото Талевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…