Home Актуелно За поставување фотоволтаици нема да треба одобрување од општина

За поставување фотоволтаици нема да треба одобрување од општина

Граѓаните и фирмите кои ќе сакаат да постават фотонапонска ценрала на покрив на куќа, погон или зграда, повеќе нема да бараат дозволи од општината согласно новите измени на законската регулатива кои ќе бидат воведени откако беа усвоени од страна на Владата.

Се забрзува и олеснува процедурата за поставување на фотоволтаици за домаќинствата и компаниите. Владата ги усвоила измените на законот за градба со кои се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја и наместо барање сега е доволно само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.. Според новите правила домаќинствата веќе ќе може да инсталираат фотоволтаици со моќност до 6 киловати а фирмите или правните лица ќе може да го претворат сонцето во елетрична енергија со максимална моќност од 40 киловати.

За оние кои веќе поставиле и чекаат на приклучок како и за сите кои ќе поставуваат министерот Бочварски бил информиран од Евн дека и таму се забрзани процедурите за да не се чека за приклучокот на електричната мрежа.

Законските измени се пуштаат во собраниска процедура и министерот Бочварски со апел до пратениците за проактивни учество и брзо изгласување на измените за да може што поскоро да почнат да се применуваат олеснетите процедури за поставување на фотоволтаици.

Според моменталните цени на електричната енергија која на слободниот пазар достигна 808 евра за мегават час ќе значи дека инвестицијата наместо за 4 до 5 години по овие цени би се вратиле за една година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…