Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Времето во Македонија денеска, петок, 26. август, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се зголемува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…