Home Спорт РФМ реагираше до ЕХФ за најавата дека Вардар може да биде исфрлен од ракометната Лига на шампионите

РФМ реагираше до ЕХФ за најавата дека Вардар може да биде исфрлен од ракометната Лига на шампионите

Откако вчера во јавноста се појави веста дека ЕХФ може да го исклучу Вардар поради неисплатени долгови, за тоа зборуваше и претседателот Михајловски.

Денес Ракометната федерација на Македонија испрати писмо до ЕХФ во кое бара на Вардар да му се дозволи учество во елитното натпреварување.

„Вардар е бренд не само во Македонија туку и на Балканот и Европа. Има голема база на навивачи и голема важност во развојот на ракометот во Македонија. Двократен освојувач на Лигата на шампионите и со самото тоа е главен виновник што голем број млади се одлучија за овој спорт. Се плашиме дека оваа одлука за исклучување на Вардар може да влијае негативно на сликата за ракометот генерално не само во Македонија туку и на целиот Балкански полуостров“, пишува во писмото од РФМ.

Во наредните денови се очекува да биде донесена конечната одлука, а евентуалното неиграње во ЛШ секако дека може да биде голем удар за црвено-црните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…