Трагедија го потресе Алжир: Вчера постигна гол за репрезентацијата, денес загина во сообраќајка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во сообраќајка во Алжир почина 24-годишниот фудбалер Билеи Бенхамуд, пренесуваат алжирските медиуми. Бенхамуд беше играч за врска на алжирскиот прволигаш УСМ Алгер со кој пред години ја освои титулата шампион.

Само еден ден пред да почине, вчера беше најдобар играч на алжирската репрезентација против Конго. Алжир победи со 3:0, а Бехамуд во првите 13 минути постигна гол и асистираше.