Home Актуелно Јакимовски „му се скара“ на Мицкоски – ГРОМ „раскина“ со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

Јакимовски „му се скара“ на Мицкоски – ГРОМ „раскина“ со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека по 99 месеци става крај на коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска општина.

-Јас како градоначалник со моите години и со моето искуство и со мојот карактер не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Општина Карпош во кои влегуваат и обични граѓани и стопанственици и богати и сиромашни и од различни етнички заедници. Затоа јас и Карпош мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар – соопшти Јакимовски на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека Општина Карпош и народот „си избрале свој градоначалник кој треба да ги штити нивните интереси“.

-Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош – нагласи Јакимовски.

Тој нагласи дека смета оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „треба си бара некој помлад за изживување“.

-Треба да побара некој помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано – потенцира Јакимовски, додавајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ има пријатели и најверојатно со некои од нив и понатаму ќе остане пријател.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…