Анализа на Блумберг: Путин ја погоди Европа во најболната точка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка – енергетиката, пишува „Блумберг“ во нивната анализа на оваа тема.

Како што анализира медиумот, растот на цената на горивата доведе до висока инфлација и економски пад во западните земји.

„Без разлика на тоа што ЕУ воведе најстроги ограничувања за Русија, бројот на компромиси расте, почнувајќи од отстапки за снабдување со нафта преку цевководи и завршувајќи со исклучување на патријархот Кирил од листата на санкции“, се вели во публикацијата.