Home Актуелно Македонија протерува уште 6 руски дипломати

Македонија протерува уште 6 руски дипломати

Уште шест руски дипломати си заминуваат од Македонија. Денеска во Министерството за надворешни работи бил повикан рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кому му била врачена нота во која се посочени шестемина дипломати кои се прогласени за персона нон грата, пренесува Глас на Америка.

Како и со неодамнешниот случај со протерувањето пет руски дипломати, МНР и овојпат не навлегува во детали зошто е побарано тие да си заминат од земјава.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се вели во соопштението на македонското МНР.

Објавувањето на новата одлука за протерување нови руски дипломати, која укажува на сериозен надолен тренд во односите меѓу Скопје и Москва од почетокот на руската агресија врз Украина, шефот на дипломатијата ја дочека во Сараево каде е во посета на Босна и Херцеговина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…