Home Шоубизнис 10 години забрана за Вил Смит за присуство на оскаровската церемонијална вечер

10 години забрана за Вил Смит за присуство на оскаровската церемонијална вечер

Холивудскиот актер и тазе оскаровец Вил Смит доби забрана да присуствува на галата на Оскарите и другите настани организирани од Академијата во следните 10 години, откако јавно, на сцената, му удри шамар на комичарот Крис Рок на Оскарите.

Во соопштението на Академијата се вели дека 94-тото доделување на Оскарите било „засенето од неприфатливото однесување од страна на г-дин Смит на сцената“.

Смит по инцидентот се извини за своите постапки.

Актерот му удри шлаканица на Крис Рок бидејќи се пошегува со избричената глава на неговата сопруга, која е последица на медицинска состојба т.н. алопеција, што предизвикува опаѓање на косата.

Брзо после инцидентот, Смит ја доби наградата за најдобар актер за неговата улога во филмот „Кралот Ричард“, каде го играше таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс.

Академијата за филмски уметности и науки, која ја организира церемонијата на доделување награди, се состана во петокот за да разговара за дисциплинските мерки.

Во соопштението се вели дека забраната на Смит има за цел да ги заштити изведувачите и гостите и да ја „врати довербата во Академијата“.

Академијата соопшти дека „не адекватно се осврнала на ситуацијата во просторијата“ во моментот на шамарот и дека била „неподготвена за невиденото“, поради што се извинуваат за тоа.

Истовремено Академијата му се заблагодари на Рок што „ја задржал смиреноста во вонредни околности“.

Смит по инцидентот изјави дека ја „издал довербата на Академијата“ и дека е „со скршено срце“ поради неговите постапки и додаде дека „целосно ќе ги прифати сите последици за своето однесување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …