Home Шоубизнис Пен не ги стопи своите освоени Оскари, ама замина за Украина

Пен не ги стопи своите освоени Оскари, ама замина за Украина

Познатиот холивудски актер, режисер, продуцент и хуманитарен активист Шон Пен се врати во Украина. Актерот се врати во Украина откако тврдеше дека јавно ќе ги стопи своите статуетки Оскар доколку Академијата не му понуди на Зеленски да се обрати на церемонијата, а тој му одговори и на тимот на Твитер.

„Денес бев во Лавов, Украина со тимот CORE, работејќи стратегија со локалната власт и невладините организации за зголемување на нашите програми во земјата. Добар состанок со гувернерот Максим Козицки“, напиша тој на Твитер. Ова е втора посета на актерот во Украина од почетокот на руската инвазија.

Многумина во коментарите го прашуваат кога ќе си ги уништи Оскарите затоа што тоа го вети на CNN вечерта пред доделувањето.

„Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најбезобразниот момент во историјата на Холивуд“, истакна Пен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …