Официјално потврдено: Ѓоковиќ нема да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами, иако од вчера се најавуваа поинакви вести сепак ваквата информација ја потврди српскиот тенисер преку социјалните мрежи.

Ѓоковиќ беше ставен во ждребот за турнирот, но поради законите во државата нема да може да настапи и на негово место шанса ќе добие друг тенисер.

„Автоматски бев запишан на турнирте на Индијан Велс и Мајами, но веднаш знаев дека нема да можам да патувам. Здравствените власти потврдија дека правилата нема да се менуваат, па затоа нема да можам да играм“, порача Ѓоковиќ.

Ќе потсетиме, Ѓоковиќ нема да може да настапи затоа што не е вакциниран.