Зеленски за германски Билд: Со компромиси може да се реши ситуацијата со Русија, ама тие не треба да бидат предавство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за германски Bild зборуваше за неопходниот договор со Русија, пренесува Кајгана.

Тој рече дека конфликтот може да се реши само со директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин и одговори на прашањето дали ќе ја признае независноста на републиките во Донбас и Крим.

„Не е прашање од што можеме да се откажеме. Во какви било преговори целта ми е да ја прекинам војната со Русија и во таа смисла сум подготвен на одредени чекори. Компромисите се неопходни, но тие не смеат да бидат велепредавство. А и другата страна мора да биде подготвена за компромиси, затоа се нарекуваат компромиси. Тоа е единствениот излез од оваа ситуација. Но, сè уште не можам да зборувам за детали“, рече тој.

Тој изјави дека „сè уште не е остварен директен контакт меѓу двајцата претседатели“.

„Само преку директни разговори меѓу двајцата претседатели е можно да се стави крај на оваа војна“, рече Зеленски.

На прашањето каква е моменталната ситуација во Киев, тој рече дека сите патишта се блокирани, но дека не му е важна близината на непријателот, со оглед на тоа што има хуманитарна катастрофа во многу делови на земјата, не само во Киев.

„Загрижен сум за состојбата на нашата земја, загрижен сум за снабдувањето со вода и храна. Загрижен сум за Мариупол, Доњецк, Запорожје, Мелитопол, Волноваха, Харков… Ситуацијата таму е ужасна. Луѓето немаат вода и храна, а во Мариупол се случува хуманитарна катастрофа, таму пративме хуманитарни конвои од сите делови на Украина, но тие пукаат во нив, руските војници не сакаат да ги пропуштат“, рече тој.

Новинарот потоа му рекол на Зеленски дека има чувство дека Киев наскоро ќе биде под опсада. Но, украинскиот претседател инсистира дека не се плаши.

„Од што да се плашам? Не смеам да се плашам, останувам смирен“, рече тој, додавајќи дека најлошото веќе ѝ се случило на Украина. Нема да се предадеме, нема да ја продадеме нашата земја“, рече тој.

Зборувајќи за тоа што е на врвот на наводната листа за стрелање на Путин, како и дека неговото семејство е на истата листа веднаш зад него, Зеленски вели дека неговите најблиски се горди на него.