Заврши средбата меѓу Лавров и Кулеба – нема договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По еден и пол час поминат во преговори во Анталија заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Украина и на Русија, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров.

Според Кулеба, преговорите биле тешки, но договор не бил постигнат, иако тој лично се обидувал да најде дипломатско решение. Било разговарано и за хуманитарните конвои и прекин на огнот и за можна директна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, пишува Телеграф.

„Ќе се сретнеме повторно во овој формат доколку има шанса за решенија. Кога ќе се сретнат двајцата министри, се бара решение, а тоа е мандатот што им го дадоа лидерите и јас сум подготвен да продолжам со оваа цел да ја запреме војната во Украина и страдањата на украинските цивили и да ја ослободиме нашата територија од руските окупатори“ – рече Кулеба.

На средбата Лавров рече дека е подобро да има студен мир отколку студена војна.

Кулеба и Лавров отпатуваа во Анталија на покана на нивниот турски колега, Чавушоглу.