Home Актуелно Украина официјално побара од Турција да го затвори Босфор за руски воени бродови

Украина официјално побара од Турција да го затвори Босфор за руски воени бродови

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Турција, Васил Боднар, денеска, во Амбасадата на Украина во Анкара изјави дека Украина упати официјално барање до Турција да ги затвори теснецот Босфор и Дарданелите за руските воени бродови, јави украинската агенција Укринформ.

„Сега е најважно да се поддржи Украина. Го повикувам турскиот народ и турските власти да и помогнат на Украина. Повикуваме да се затвори воздушниот простор, да се затвори преминот преку Босфор и Дарданелите за руските воени бродови. Официјално барање е испратено до турската страна“, рече Боднар.

Украинскиот амбасадор повика и на санкции против Русија и нејзините средства во Турција, како и да се спречи Русија да заработува пари за војната.

„Воената поддршка за одбранбено оружје, финансиската и хуманитарна поддршка ни се важни. Повикувам да им помогнеме на оние украински граѓани кои моментално се на територијата на Турција и имаат потреба од дополнителна помош и заштита“, рече Боднар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…