Home Актуелно Облачен вторник со повремени врнежи од снег

Облачен вторник со повремени врнежи од снег

Времето во Македонија денеска, вотрник, 11. јануари, ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 Целзиусови степени.

Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…