Home Актуелно Сончев предбожиќен четврток

Сончев предбожиќен четврток

Денеска, четврток, 6. јануари, во Македонија претпладне ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат, информираат од УХМР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…