Home Актуелно Пациент во Скопје ја извадил маската за кислород и запалил цигара – веднаш предизвикал пожар во собата

Пациент во Скопје ја извадил маската за кислород и запалил цигара – веднаш предизвикал пожар во собата

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.

Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди.

Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…