Home Актуелно Денешниот четврток носи студено утро и сончево време

Денешниот четврток носи студено утро и сончево време

Најстудено утрово е во Берово со -13 Целзиусови степени. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…