Home Актуелно Ковачевски и Заев денеска на средба со владините коалициски партнери на СДСМ

Ковачевски и Заев денеска на средба со владините коалициски партнери на СДСМ

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и се уште актуелен премиер Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, пренесува Фокус.

Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на министерствата и други институции на централно ниво.

Како што е познато, Ковачевски победи на завчерашните непосредни внатрепартиски избори во СДСМ, по што, како што објавивме, до крајот на неделата се очекува Заев да му ја предаде функцијата, а набргу потоа треба да се случи и примопредавање на премиерската функција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…