Home Актуелно Од ноќеска на полноќ покачување на ценита на горивата

Од ноќеска на полноќ покачување на ценита на горивата

Согласно редовната неделна одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од ноќеска на полноќ се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 3,02 % во однос на Одлуката од 6.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,526 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг.

Од 14.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,053 (денари/килограм)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…