Home Актуелно Четири повредени лица во верижен судир кај ТЦ „Мавровка“ во кој учествувале пет автомобили

Четири повредени лица во верижен судир кај ТЦ „Мавровка“ во кој учествувале пет автомобили

Во верижниот судир, кој попладнево се случи кај ТЦ „Мавровка“, учествувале пет возила, а четири лица се повредени, изјавиле од МВР за „360 степени“.

„Четирите лица кои се повредени се префрлени во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Сè уште не познат степенот на нивните повреди. Во судирот учествувале ‘пежо’, ‘пасат’, ‘бмв’ и ‘форд’, сите со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.

Поради судирот, настанат е вистински сообраќаен хаос и сообраќајот сè уште се одвива отежнато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…