Home Актуелно Од ноќеска на полноќ намалување на ценита на горивата

Од ноќеска на полноќ намалување на ценита на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…