Home Актуелно Во Македонија досега 870 граѓани по втор пат се заразиле со Ковид-19

Во Македонија досега 870 граѓани по втор пат се заразиле со Ковид-19

Според информациите со кои располага Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во изминатата недела 49 граѓани по втор пат се заразиле од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени по втор пат се искачи на 870 граѓани.

-Регистрирани се и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица, велат од ИЈЗ.

Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…