Home Актуелно Арјанит Хоџа за денеска најави оставка од министерската позиција во секторот земјоделие

Арјанит Хоџа за денеска најави оставка од министерската позиција во секторот земјоделие

Актуелниот министер за земјоделство Арјанит Хоџа, член на Беса, ќе се повлече од функцијата. Тој за денеска најави конференција за медиуми.

Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатова и Левица.

Хоџа од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…