Home Вебкафе Импресивна умешност: Уметнички дела на врвови од моливи (снимка)

Импресивна умешност: Уметнички дела на врвови од моливи (снимка)

Египетскиот уметник Ибрахим Белал создава неверојатни минијатурни дела на врвови од графитни моливи.

За да ги создаде своите скулптури, минијатурни копии од фараонски саркофази, погребни маски и други дела од египетската историја и митологија, 30-годишниот уметник користи графитни моливи, остар и прецизен скалпел, лупа, микроскоп и четки за фино чистење.

Медиумите откриваат дека оваа уметничка форма е специјалност на Белал и дека тој е најпознат по вакви дела.

Студиото на египетскиот уметник се наоѓа во градот Рашид, неговата желба е да се основа Музеј за минијатурни фигури, во кој ќе бидат вклучени делата на другите колеги, занаетчии, макетари…

Тоа ќе биде еден од првите музеи од ваков вид во регионот МЕНА во модерно време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…