Home Шоубизнис Меси = пари: На аукција се продава првиот потпис на фудбалската икона

Меси = пари: На аукција се продава првиот потпис на фудбалската икона

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, според многумина и најдобар на сите времиња, па сè што е поврзано со неговото име се есапи во пари. Поточно, во многу пари.

Автограмот на Аргентинецот има прилично голема вредност на пазарот. Компанијата „Goldin Auctions“ на аукција го стави првиот потпис на Меси од 1995 година. Станува збор за потписот на членската карта на Њуелс Олд Бојс.

Почетната цена на аукцијата беше 10.000 долари, меѓутоа веќе е надмината затоа што првиот клиент испрати понуда од 36.000 долари. Со оглед дека рокот за понуди е отворен до 23. октомври се очекува оваа понуда да расте.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …