Home Актуелно Вархеји оди на разговори во Софија за бугарското вето кон Македонија

Вархеји оди на разговори во Софија за бугарското вето кон Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оди во официјална посета на Софија, соопшти Европската комисија. За време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што јавува МИА од Софија, во бугарските медиуми не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што додава Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите на ЕУ со Македонија.

Сите водечки електронски медиуми во Бугарија известуваат за посетата на Европскиот комесар за проширување Оливер Верхеи.

Инаку, ова е втора посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со цисоки бугарски претставници.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…