Home Актуелно Мексико го декриминализираше абортусот – веќе не е кривично дело

Мексико го декриминализираше абортусот – веќе не е кривично дело

Врховниот мексички суд го оцени како противуставно третирањето на абортусот како кривично дело, што во оваа доминантно католичка нација се гледа како голема победа за поборниците за здравјето на жените.

– Ова е историски чекор за жените, рече судијата на Врховниот суд Луис Марија Агилар.

Одлуката на водечкиот мексикански суд сега отвора можност жените затворени за абортус да бидат ослободени, а може да доведе и до тоа жени од Тексас, кој забрани абортус по шест недели од бременоста, да отидат јужно од границата за да абортираат, коментираат светските агенции.

Во јули, државата Веракруз стана четврта од 32 мексикански држави што го декриминализира абортусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…