Home Актуелно Пациент со Ковид-19 избегал низ прозорец од гостиварската болница

Пациент со Ковид-19 избегал низ прозорец од гостиварската болница

Пациент заразен со коронавирусот бил фатен на снимка како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.

Во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.

Состојбата со коронавирусот во нашата држава повторно станува аларматна, а Гостивар е еден од градовите во кои има над 1000 активни случаи. Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1394 активни случаи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…