Home Актуелно На албанскиот пазар продадени над 11 тони сладолед со канцероген состав

На албанскиот пазар продадени над 11 тони сладолед со канцероген состав

Од Албанската национална агенција за храна информираат дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед, со канцерогена содржина.

-По извршените контроли на албанскиот пазар, агенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни за здравјето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони се уште беа во магацините на субјектите увознички и беа уништени, информираа од Агенцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…