Home Актуелно Од денес може да се подигнуваат новите лични карти со новото име на државата

Од денес може да се подигнуваат новите лични карти со новото име на државата

Од денеска, 23. август, 40-тина илјади граѓани ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име на државата, Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.

МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани.

За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. Власта, пак, тврди дека издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…