Home Актуелно Турција почна изградба на граничен ѕид со Иран за да спречи влез на авганистански бегалци

Турција почна изградба на граничен ѕид со Иран за да спречи влез на авганистански бегалци

Турските власти дадоа наредба за започнување со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си.

Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција.

Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив.

Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…