Home Актуелно Во Арачиново уапсен наркодилер по кој се трагаше со меѓународна потерница

Во Арачиново уапсен наркодилер по кој се трагаше со меѓународна потерница

Во полициска акција изведена утрово околу 6 часот и 45 минути, во угостителски објект во скопско Арачиново, бил уапсен 43-годишен арачиновец кој бил осуден за меѓународна недозволена трговија со наркотици.

Како што информираат од МВР, во акцијата учествувале Единицата за внатрешни работи-ОКР Кисела вода, во содејство со Специјалната антитерористичка единица.

Четириесет и тригодишникот со иницијали С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од затворот Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години 5 месеци и 8 дена.

Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици и ќе биде предаден во Идризово за доиздржување на казната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…