Home Вебкафе Падна првата брачна понуда на Олимпијадата – мечувалката Перез му кажа „да“ на тренерот (снимка)

Падна првата брачна понуда на Олимпијадата – мечувалката Перез му кажа „да“ на тренерот (снимка)

На Олимписките игри во Токио, покрај сите спортски возбуди од натпреварувачките борилишта, пристигна и првото олимписко запросување.

Аргентинската мечувалка Марија Белен Перез Морис му кажа „да“ на нејзиниот долгогодишен партнер, а воедно и тренер, пред телевизиските камери на Олимписките игри во понеделникот.

Атлетичарката по завршувањето на првата рунда од нејзината трета Олимпијада одговараше на прашањата од новинарите, а нејзиниот тренер Лукас Саучедо се појави позади неа, клекна на колена, а во рацете држеше лист со натпис: „Дали ќе се омажиш за мене?“.

– Кажи ми да, многу луѓе нè гледаат – рече Лукас.

Во 2010 година на светските шампионати во Париз, Саучедо се обиде да го постави истото прашање, но со далеку помалку среќа од овој пат. Тогаш таа го праша дали оваа постапка е шега, но 11 години подоцна, Марија кажа „да“.

– Занемев. Си реков „О, Боже мој“ – изјави Перез Морис, која е во врска со Саучедо цели 17 години.

Ова беше еден одличен крај на денот кој започна со пораз од Унгарката Ана Мартон со 15-12 во женско мечување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…