Home Актуелно Дали Трендо ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар од опозициската ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Трендо ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар од опозициската ВМРО-ДПМНЕ?

Сашо Мацановски Трендо со голема веројатност ќе влезе во изборот за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори, како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пренесува Скопје инфо.

Неофицијално тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Освен Трендо, како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

Извори од партијата брифираат дека ВМРО ДПМНЕ сериозно размислува на локалните избори да излезе со непартиски кандидат кои би ги освоил гласовите на неопределените гласачи во Центар

Мацановски сѐ уште не ја коментира оваа неофицијална најава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …