Home Вебкафе Во стомакот од мртов кит нашле богатство вредно над 1,5 милион долари

Во стомакот од мртов кит нашле богатство вредно над 1,5 милион долари

Рибари од Јемен, една од најсиромашните арапски земји, пронашле нешто во Аденскиот Залив што засекогаш на подобро им го смени животот.

Тие наишле на труп на кит, а кога погледнале во неговиот стомак, пронашле големо парче мукозна материја позната како сив килибар.

Бидејќи сивиот килибар е многу редок, постигнува висока цена, па според Би-Би-Си, сиромашните рибари пронашле парче вредно околу 1,5 милиони долари.

Сивиот килибар се произведува од китовите кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз кој се стврднува и плови како грутки на површината на морето.

Претежно се користи во индустријата за парфеми поради неговата способност да го продолжи времетраењето на мирисите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…