Home Актуелно Претпладне сончево, попладне мала дестабилизација во северните и северо-источните делови

Претпладне сончево, попладне мала дестабилизација во северните и северо-источните делови

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и североисточните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 20, Битола 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 26.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 11 до 28 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…