Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Последнот февруарски петок времето во Македонија ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Утре во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…