Home Вебкафе Погледнете како се рушеше поранешниот хотел и коцкарница „Трамп Плаза“

Погледнете како се рушеше поранешниот хотел и коцкарница „Трамп Плаза“

Вчера, во Атлантик Сити, беше срушен поранешниот хотел и коцкарница Трамп Плаза.

Го изгради поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Еден од заштитните знаци на Атлантик Сити, висок 39 ката, беше отворен во 1984, а банкротираше и ги затвори вратите во 2014. Имотот го купи инвеститорот Карл Ајкан. Уривањето на хотелот во живо го пренесуваа бројни американски медиуми.

Оние кои сакаа спектаклот да го гледаат во живо, на безбедна оддалеченост, за тоа морале да платат 10 долари.

„Трамп Плаза“ беше првата од трите коцкарници во сопственост на Трамп пред крахот на неговиот коцкарски бизнис во Атлантик Сити. Уривањето симболично го означува крајот на ерата на Трамп во тој град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

8 научно докажани начини како брзо да си го подобриш расположението

8 научно докажани начини за брзо подобрување на расположението Секој човек има свој начин …