Home Шоубизнис Годинава полни 100 години: Принцот Филип хоспитализиран во Лондон – не се чувствувал добро

Годинава полни 100 години: Принцот Филип хоспитализиран во Лондон – не се чувствувал добро

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, 99-годишниот принц Филип, бил примен во болница во Лондон заради претпазливост бидејќи не се чувствувал добро, соопшти Бакингамската палата.

Изворите од кралската палата кажаа дека војводата од Единбург со автомобил дошол во болница, каде што лекарите решиле да го задржат. Тој не се чувствувал добро неколку дена, што не е поврзано со коронавирусот. Тој и кралицата минатиот месец примија вакцина против ковид-19.

„Принцот е во болница, но во добро расположение. Се очекува да остане неколку дена“, кажаа од палатата.

Принцот Филип во јуни треба да го прослави 100. роденден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …