Home Актуелно Епл „накалапи“ 111 милијарди долари за само три месеци

Епл „накалапи“ 111 милијарди долари за само три месеци

Прв пат во историјата на постоењето на компанијата, технолошкиот гигант Епл успеа да собере над 100 милијарди долари (поточно 111 милијарди и 400 милиони) за точно три месеци.

Во прашање е првиот квартал за годинава (кој во сметководствениот календар на Епл ги опфаќа ноември, декември и јануари), во кој компанијата успева да собере 21% повеќе во споредба со истиот, исто така рекорден, квартал од минатата година.

Речиси секоја една категорија во екселот на Епл имала двоцифрен раст, па продажбата на Мек семејството пораснала за 21%, Ајпадите имале раст од 41%, Епл воч и различните уреди за дома имале раст од 30%. За споредба со овие Ајфонот имал најмал раст на продажба од само 17%. Моментално во светот има над 1 милијарда корисници на Ајфон.

Од овие над 111 милијарди долари раст, речиси 16 милијарди доаѓаат од сервисите што ги нуди Епл, од Ајклауд, до Епл ТВ+ и Епл Мјузик. Кај сервисите имаат 140 милиони корисници повеќе отколку минатата година исто време.

Овој сегмент најмногу ќарува од бројката од 1 милијарда корисници на Ајфон, кој се смета за порта за новите корисници да се зацапаат во Епл екосистемот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…