Home Шоубизнис „Жешкиот“ одговор на Роналдо и Георгина на полициската истрага (снимка)

„Жешкиот“ одговор на Роналдо и Георгина на полициската истрага (снимка)

Славниот фудбалер Кристиано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се најдоа под истрага на италијанската полиција откако отишле на скијање во Вал д’Аоста во слободното време на Португалецот.

Ова само по себе не би било проблематично доколку тоа не бил делот од Италија кој е во таканаречената портокалова зона на инфекција со коронавирус.

Италијанските власти им забранија на жителите од другите делови на земјата да доаѓаат во портокалово-црвените подрачја, освен ако немаат добра причина. Скијањето, се разбира, не е нешто такво, па Роналдо сега е под истрага.

Роналдо и Георгина објавија видео од џакузи, како некој вид на одговор на најавената полициска истрага, како да сакаа да кажат дека не им е грижа за обвинувањата и дека уживаат заедно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …