Home Актуелно АМСМ предупредува за внимателно возење на Стража и накај Шапка поради снежни услови

АМСМ предупредува за внимателно возење на Стража и накај Шапка поради снежни услови

Сообраќајот на патиштата се одвива по, на места, влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој „Стража“. Поради ниските температури на места е можна и појава на голомразица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, низ речните долини и низ клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…