Home Актуелно Најавена поголема финансиска поддршка за оризопроизводителите

Најавена поголема финансиска поддршка за оризопроизводителите

Со вчерашната одлука на Владата е направена измена со која се зголемува поддршката за оризопроизводителите кои немаат сертифициран семенски материјал од 18.000 на 25.000 денари за површини до 5 хектари и до 30.000 денари за поголемите производители. Ова го изјавија од ресорното Министерство за земјоделие.

„Оние земјоделци кои имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30.000 денари по хектар, а претходно добивале 18.000 денари. Направените измени на „Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања” за 2020 година, се однесуваат на површини на кои се одгледува ориз без сертифициран семенски материјал. Со ваквата зголемена финансиска поддршка, дополнително ќе се стимулира производството на ориз”, соопшти Министерството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…