Home Актуелно Сончев и потопол вторник

Сончев и потопол вторник

Денешниот декемвриски ден во Македонија носи претежно сончево време, вдолж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени. Маврово и Крива Паланка 10, Охрид и Берово 11, Битола 9, Кавадарци 12, Дојран 14.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…