Home Актуелно Алија Јаоски од ДУИ прогласи победа на градоначалничките избори во Пласница

Алија Јаоски од ДУИ прогласи победа на градоначалничките избори во Пласница

Градоначалничкиот кадндидат за општина Пласница од редовите на ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа на изборите и од пред партиското седиште порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.

„Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначални. Благодарам на гласачите кои најдоа можност и начин, излегоа масовно, гласаа и го дадоа гласот на вистински човек, но и на тие што не гласаа. Јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница“, рече Јаоски.

Најави дека „приоритет ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните, што е можно и неможно, да ги задржиме тука за да не одат во европските држави“.

„Да им се заблагодарам на. Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци. Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направено, а јас тоа ќе го продолжам. Приоритетот “, рече Јаоски.

Инаку, Алија Јаоски му е брат на претходниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јаоски, кој беше избран за пратеник во Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…