Home Актуелно Дождлива среда

Дождлива среда

Денес, среда, 9 декември, времето во Македонија ќе биде облачно и од изутрина со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег.

Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во источните делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер и со повремено поинтензивен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 10, Кавадарци и Берово 12, Долран 15.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…